Ибраими со гол му донесе триумф на Домжале

Нашиот интернационалец Агим Ибраими имаше одличен настап за Домжале против Алуминиј (3-1) и беше еден еден од најважните играчи на домашната екипа.

Ибраими беше стрелец на погодокот во 35. минута од натпреварот по асистенција на Адам Черин Гнезда, а пет минути подоцна неговиот соиграч Шамар Николсон зголеми на 2-0.

Арафат Менсах ги врати надежите на гостите во 71. минута од дуелот, но конечниот резултат го постави Нермин Халјета во 89. минута.