Голот на Пандев недоволен за Џенова: Аталанта ита кон ЛШ (ВИДЕО)

Аталанта сезонава ја игра една од најдобрите сезони во историјата, ако не и најдобра. Клубот на Бергамо е пред пласман во најпрестижното европско натрепварување Лигата на шампионите. Тие денеска стигнаа до нова победа, откако на домашен терен ја победија Џенова со 2-1. Голот на нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев, не беше доволен за клубот од „Мараси“ да стигне до позитивен резултат. Со погодокот, Пандев им се приклучи на Несторовски и Трајковски кои исто така постигнаа погодоци попладнево. Аталанта во моментов е трета на табелата со 65 бодови, два повеќе од Интер кој пак има и натпревар помалку.