Голчиште на Митровски: Младинскиот репрезентативец со проектил ја искина мрежата (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер кој настапува за младинците на Спортинг, Димитар Митровски (20 години), постигна феноменален погодок од 18 метри за победа на својот тим против врсниците на Авес со 0-4 во рамки на домашното првенство во Поргугалија за играчи до 23 години.

Митровски во 90. минута од натпреварот, при еден корнер на гостите, убаво ја дочека топката која беше исфрлена од еден од противничките дефанзивци и со полу - волеј ја смести во мрежата на Авес.

Претходно, Желсон Фернандес ја отвори серијата за Спортинг уште во 8. минута, четири минути подоцна Томас Силва зголеми на 0-2, во 57. Матеус Луиз Нуњес им донесе предност на гостите од 0-3, додека Митровски ги постави конечните 0-4, со кои „зелено - белите“ избија на првото место на табелата по две одиграни кола.