Ѓорѓев е феноменален, пак постигна гол во триумфот на Грасхоперс

Македонскиот интернационалец Никола Ѓорѓев одигра уште еден одличен меч за Грасхоперс во домашниот шампионат, па постигна гол во победата од 4-0 против Лаусан.

Ѓорѓев постигна погодок во 68. минута од мечот за водство од 3-0, па така му помогна на својот тим да извојува уште еден голем триумф.

Македонецот е одличен сезонава, па постигна седум погодоци и шест асистенции за екипата на Грасхоперс.