Фотографија од Барди како мало момче во дресот на Шкупи (ФОТО)

На Фејсбук се појави фотографија од македонскиот репрезентативец и фудбалер на Леванте, Енис Барди, кој како младо момче настапувал за екипата на Шкупи, под водство на тренерот Бедри Салиу.

Фотографијата е од далечната 2005/06 година, додека Барди имал десет години и бил член на екипата на Шкупи, пред да изгради успешна интернационална кариера.