Елмас постигна нов погодок, Фенербахче ја суреди Касимпаша (ВИДЕО)

Фенербахче успеа да слави со 3-1 против Касимпаша во 31. коло од турската Суперлига, а стрелец на еден од головите беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Домаќините први поведоа, откако Текин си постигна автогол во 13. минута, но само седум минути подоцна Елмас со удар со глава израмни на 1-1.

Во второто полувреме Фенербахче заигра многу подобро, па ги искористи своите шанси преку Валбуена во 72. минута и Солдадо во 74. минута и ги постави конечните 3-1.

Екипата на Елмас во моментов се наоѓа на 12. место во турскиот шампионат со 37 бодови.