Џенова во незапирлив ритам: Пандев го суреди и Интер! (ВИДЕО)

Џенова зема голем скалп во 25. коло од Серија, помогната со гол на Горан Пандев. Македонскиот репрезентативец стрелаше во победата над Интер со 2-0 придонесувајќи за важни три бода за својата екипа.

Џенова му одмогна на Интер во обидите да покаже дека кризата завршила, па го совлада и го врати на колена само по пауза од еден победнички викенд. Во каква форма е синиот гигант од Милано се виде во првото полувреме, кога Шкрињар и Ранокија си постигнаа смешен автогол.

Џенова го имаше Горан Пандев како стартер и еден од подобрите на теренот. Неговиот придонес на теренот беше внесен во саписниците во 59. минута, со погодокот за 2-0. Непланирано доби топка во средната на шеснаесетникот, но лесно се снајде, се сврте и го солвада Хандановиќ.

Ова е негов трет гол оваа сезона, втор во последниве две недели, откако на 4 февруари го начна и Лацио. Џенова, пак, ја запиша осмата победа, трета по ред и со 30 бода сега е на 12. место, дури 13 бода над зоната за испаѓање. Интер, пак, го претрпе третиот пораз, но падна на четвртата позиција, со 48 бода, два помалку од Рома.