Димитриевски: Имав неколку понуди, но вистинскиот избор беше Рајо Валјекано!

Голманот на Рајо Валекано, Столе Димитриевски, денеска беше официјално претставен заедно со останатите засилувања во екипата.

Македонскиот репрезентативен голман имаше неколку понуди летово, но на крајот се реши да потпише за шпанскиот прволигаш Рајо и кажа дека токму таа екипа била вистинскиот избор за него.

„Летово пристигнаа неколку понуди, но мислам дека за мене вистински избор беше Рајо Валекано, кој може да ме однесе во елитата на шпанскиот фудбал. Ќе се борам на тренинзите за да докажам дека заслужувам да го носам дресот на овој клуб и се надевам дека ќе имаме многу успеси“, кажа Димитриевски.