Дејан Илиев замина на позајмица во Словачка

Арсенал го испрати македонскиот голман Дејан Илиев на позајмица во Словачка, односно во екипата на Серед.

Според Арсенал, тоа бил најдобриот потег за Илиев, кој така ќе ја добие потребната минутажа и нема да има потреба да чека шанса од клупата за резервни фудбалери.

Исто така, стана јасно дека за Илиев нема место во Лондон во моментов, откако не беше избран во тимот, кој замина на подготовки во САД.