Дејан Илиев го скроти Челси (ФОТО)

Фантастичен натпревар имаше нашиот голман Дејан Илиев, кој со екипата на Арсенал до 23 години, го победи Челси со 3-1 во лондонското дерби.

Ова беше уште одличен настап за македонскиот голман, кој докажува дека е во брилијантна форма, па благодарение на неговите интервенции сега екипата на Арсенал се наоѓа на втората позиција на табелата, со само еден бод помалку од лидерот Лестер.