Чурлинов повторно маестрален - постигна хет-трик за Келн (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов имаше уште еден одличен настап за Келн, кадешто овојпат постигна хет-трик за првиот тим на германската екипа.

Келн славеше со неверојатни 16-0 против Бад Дурхајм, а токму Чурлинов ја искористи дадената шанса, па погоди дури трипати во противничката мрежа.

Чурлинов и минатата сезона имаше многу добри настапи, кадешто постигна дури 26 гола и седум асистенции за тимот до 19 години.

Македонскиот напаѓач ги постигна головите во 50, 65 и 71 минута.