Браќата Бабунски учеа во Реал и Барса, а сега се резерви во Втора јапонска лига! (ФОТО)

Фудбалерите никогаш не може да се знае каде ќе ги однесе кариерата, а нешто слично се случи со македонските интернационалци Доријан и Давид Бабунски, кои учеа во младинските школи на Барселона и Реал Мадрид, а денеска се резерви во Втората јапонска лига.

На социјалните мрежи се појави фотографија, на која може да се забележат Доријан и Давид, како влегуваат од клупата за резервни фудбалери на мечот меѓу Мачида и Омија Ардија, во кој славеше екипата на постариот брат со 1-0.