„Бомба“ од Турција: Интер го купува Елмас за 11 милиони евра

Турските медиуми вечерва пишуваат дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е на чекор до потпис со италијанскиот гигант Интер.

Засега нема никаква официјална потврда, но медиумите пишуваат дека клубовите се договориле, а Елмас прифатил преселба во Серија А.

Интер за македонскиот репрезентативец ќе плати 11 милиони евра и тоа ќе биде квалитетно засилување за новиот тренер на „нераѕурите“, Антонио Конте.

Да потсетиме, Елмас во претходниот период се поврзуваше со неколку европски гиганти, меѓу кои беа и Тотнем, Арсенал и Лацио, но очигледно Интер успеа да го „украде“ фудбалерот пред останатите.