Барди вчера ја урна Барселона, а денеска се сретна со својот прв тренер (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Енис Барди вчеравечер играше фантастично против Барселона, па со два гола ги спречи да ја завршат сезоната во Ла Лига без пораз, а за тоа очигледно има голема мотивација.

Барди беше еден од најзаслужните за големата победа на Леванте против Барселона, а утрово се сретна со неговиот прв тренер Бедри Салиу, кој го посети на тренингот на Леванте.