Барди е еден од најдобрите играчи во 37. коло во Ла Лига (ФОТО)

Енис Барди го покажа својот квалитет и ја „нокаутираше“ големата Барселона со два гола во претпоследното коло во Ла Лига, а така им ја уништи желбата на Каталонците за да ја завршат сезоната без пораз.

Официјалниот Твитер профил на Ла Лига наброја неколку фудбалери, кои беа феноменални во 37. коло, а меѓу нив се најде и нашиот интернационалец Енис Барди.