Атлетико Мадрид сигурен против Барди и Леванте (ВИДЕО)

Денеска во 32. коло од шпанската Примера беше одиграна средбата помеѓу Атлетико Мадрид и Леванте, а домаќините победија со 3-0.

Сигурна игра на Атлетико во првиот дел, но гостите од Леванте имаа свои шанси, кои не ги искористија, па казната стигна во 33. минута преку Ангел Кореја.

Енис Барди влезе во игра на стартот на вторите 45 минути од натпреварот, но не му помогна многу на својот тим. Антоан Гризман успешно ја смести топката во противничката мрежа во 48. минута, а конечните 3-0 ги постави Фернандо Торес во 77. минута.