Атанасов со солзи во очите маестралните голови му ги посвети на - починатиот другар (ФОТО)

Погодоците на Јани Атанасов во убедливата победа на Хајдук на гостувањето кај Локомотива Загреб (6-3) се топ-тема во речиси сите хрватски медиуми, со оглед што двата беа постигнати на мајсториски начин – првиот со лоб-удар, а вториот со бомба од дваесетина метри.

Присутните на стадионот забележаа како Македонецот емотивно ги прослави головите и тоа со солзи во очите и со поглед кон небото.

Објаснувањето на неговата постапка има на социјалните мрежи каде што нецели 24 часа пред натпреварот се збогува со еден од најблиските другари кој прерано почина.