Андонова игра за историја - прва Македонка која ќе има европска титула

Денеска со почеток од 18 часот женскиот тим на Барселона ќе го игра своето прво финалето во Лигата на шампионите во својата историја. Нашата фудбалерка Наташа Андонова ќе се судри со Олимпик Лион, а натпреварот се игра во главниот град на Унгарија, Будимпешта.

Францускиот клуб е еден од најсилните клубови ако не и најсилен, а ќе игра за четвртиот трофеј во низа во ЛШ. Лион до сега играл седум финалиња, а победил на пет од нив. Тие важат за големи фаворити во овој натпревар, но тоа не ја плаши Андонова. Таа и нејзините соиграчки се подготвени, а атмосферата во клубот е одлична.

“Сите сонуваме за успех и победа во утрешното финале, го сакаме пехарот. Целата кариера работам за таа цел, да се искачам на европскиот врв. Нашите шанси се големи за победа и за добар резултат кој ќе ни ја донесе европската круна. Целиот тим размислува победнички, атмосферата е повеќе од позитивна. Знам дека можеме да успееме во нашите цели“, вели Наташа Андонова.

Македонката ќе се обиде да израмни со Панчев, Најдоски и Пандев кои во моментов се единствени со европски титули.