Алиоски стрелаше и обезбеди победа за Лидс (ВИДЕО)

Екипата на македонскиот интернационалец Езџан Алиоски конечно победи и ја прекина лошата серија во 44. коло во Чемпионшип.

Домашниот тим до водство го донесе Том Пирс со погодок во 17. минута, но во 36. минута Пуди Оконор си постигна несреќен автогол за израмнување на 1-1.

Сепак, на сцена во вторите 45. минути, поточно во 50. минута настапи Алиоски, кој го совлада противничкиот голман и го врати водството за домаќините.

Со оваа победа, Лидс се наоѓа на средината на табелата, односно 12. место со 57. бодови.