Алиоски номиниран за фудбалер на годината во Лидс! (ВИДЕО)

На три кола до крајот на сезоната во Чемпионшип, екипата на Лидс номинираше фудбалери за да го избере најдобриот оваа сезона, а меѓу нив е и Езџан Алиоски.

Алиоски, Ернандез, Саис, Руф или Нај, еден од нив ќе биде најдобар фудбалер на Лидс за сезоната 2017/18. Тоа ќе им донесе лична сатисфакција, но клупската цел изостана и Лидс не се пласираше ни блиску до плејофот за напредок во Премиерлигата.

Покрај најдобар фудбалер, клубот бира и најдобар млад играч, но и најубав гол, каде што повторно Алиоски игра улога. Само тој и Ернандез имаат два номинирани погодоци, а на македонскиот репрезентативец избрани се головите против Барнсли и против Нотингем форест.

Во 39 настапи за Лидс оваа сезона, Алиоски постигна шест гола и направи пет асистенции. За споредба, Саис има пет гола и седум асистенции, а Ернандез седум гола и осум асистенции.

Гласањето се врши онлајн, на овој линк.