Алиоски испрати порака од болница: Ќе се вратам посилен! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски ја заврши сезоната во англиската Чемпионшип-лига, откако го скина менискусот на коленото, по што денеска имаше успешна операција.

Алиоски немаше среќа на важниот меч за екипата на Лидс, па мораше да го напушти предвреме теренот на мечот со Брентфорд. Сепак, тој се огласи на социјалните мрежи по операцијата и порача дека ќе се врати посилен.

„Ви благодарам за поддршката за брзо опоравување. Со вашата поддршка ќе се вратам посилен. Напред Лидс!“, порача Алиоски.