Зад екипата на нашиот интернационалец Езџјан Алиоски е уште една лоша сезона. Лидс имаше одличен почеток и на моменти покажуваше дека е достоен за пласман во Премиерлигата, но следуваше пад на формата и сега се наоѓаат на средината на табелата.

Како и да е, Алиоски и соиграчите бираа најдобро засилување на тимот, а на крајот одлучија дека тоа е сексапилната водителка, Ема Луиз Џоунс, која работи во телевизијата на Лидс.

Водителката има работено во радио, но потоа се префрли на телевизиските екрани, а позната е по тоа што поставува провокативни прашања на своите гости.