Алиоски беше одличен, но Лидс стигна само до реми!

Денес беше одигран натпреварот помеѓу Рединг и Лидс, а нашиот интернационалец Езџјан Алиоски му помогна на неговиот тим да стигне до реми (2-2).

Мечот не започна најдобро за гостите кои примија гол во 16. минута од Бодварсон. Лидс во продолжението се обидуваше да стигне до израмнување и тоа конечно им успеа во 43. минута преку Џенсон.

Во второто полувреме Хернандез погоди за водство на Лидс од 1-2, но само две минути подоцна О`Кејн си постигна автогол за конечни 2-2.