АЕЛ и АЕК ги поделија бодовите: Давор Здравковски изнуди пенал за Лимасол

Македонскиот младински репрезентативец, Давор Здравковски по негово додавање АЕЛ Лимасол изнуди пенал, кој потоа лесно го реализираше Иван Карлос во дуелот од кипарското првенство против тимот на АЕК Ларнака, меч кој заврши без победник 1-1.

Здравковски одигра уште еден одличен меч за својот клуб, тим во кој настапува уште еден македоски фудбалер - Кире Маркоски, кој доби шанса од клупата во 68-та минута.

Што се однесува до АЕК Ларнака, Иван Тричковски не играше за овој клуб поради повреда.