Знаме на Динамо и микрофон во рака: Мамиќ направи шоу на свадба (ВИДЕО)

Алфата и омега на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ не смее да влезе во Хрватска поради проблеми со законот, но тој често е гостин на прославите ширум Босна и Херцеговина, па така и синоќа направи шоу на една свадба.

На Јутјуб беше објавено видео на кое може да се забележи како Мамиќ го зема микрофонот од пејачот и запеа два хита, па ги „запали“ присутните гости.