Зидан со емотивна порака се збогуваше од починатиот брат (ФОТО)

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го напушти тренинг-кампот на клубот во петокот и замина во Франција, кадешто ги помина последните моменти со болниот брат Фарид, кој почина на 54 години.

Кормиларот на „кралевите“ се прости од својот брат со емотивна порака, а Зидан исто така доби многу пораки со сочуство.

„Мој голем брату Фарид. Секогаш ми го покажуваше вистинскиот пат, секогаш беше храбар. Сите нè сакаше и сите те сакаа. Горд сум на тебе. Засекогаш ќе бидеш во моето срце“, напиша Зидан.