Згодната девојка на Нуњез го „запали“ Островот (ФОТО)

Лорена Мањас е згодната девојка на новото засилување на Ливерпул, Дарвин Нуњез, а таа веднаш привлече внимание на англиските медиуми.

Атрактивната дама е девет години постара од 22-годишниот Урутваец и има седумгодишна ќерка Клои, која ја доби додека беше во врска со Алеиш Видал.

Нуњез ја запозна Лорена додека играше во Алмерија, по што почнале да се забавуваат, а една година подоцна заминале заедно во Лисабон, по што добија машко дете.

Да потсетиме, одличниот напаѓач реализираше трансфер во Ливерпул вреден 80 милиони евра плус 20 во бонуси, а минатата сезона постигна 34 гола за Бенфика.