Запознајте го најголемиот фудбалски авантурист: Играл за 37 различни клубови (ФОТО)

Џеферсон Луис не е познат фудбалер, но затоа е уникатен по едно нешто. Во својата 20-годишна фудбалска кариера, која и натаму е активна играл за неверојатни 37 клубови и вкупно направил 41 трансфер. 

Никогаш не играл повисок ранг од Лига 1 во Англија или трета по квалитет, но дефинитивно може да се нарече фудбалски авантурист. Само во последните две години сменил четири клуба, а моментално е слободен фудбалер откако заврши неговиот престој во Фарнборо.

39-годишниот голгетер сега е во потрага по нов клуб, што за него ќе биде број 38 за него во кариерата.