Воена состојба во Атина - навивачите на Олимпијакос тепаат сѐ пред себе! (ВИДЕО)

Од ден на ден стигаат вести од Атина за дивеење на хулиганите, а најжестоки се симпатизерите на Олимпијакос, па главниот град на Грција изгледа како вистинска воена зона.

Тие во последно време дивеат ширум Грција, напаѓаат противнички навивачи, уништуваат трибини, а клубот плаќа висока цена за дивеењето.

Хулиганите на тимот од Атина ги нападнаа и симпатизерите на најголемиот ривал Панатинаикос. Низ улиците дојде до жестока пресметка, а полицијата на крајот сепак успеа да ги смири двете страни.

Засега нема информации за повредени лица, но судејќи според снимките, навистина беше жестоко.