Водач на ултрасите на Унион Берлин го изгриза полициско куче во хаосот во Ротердам

Вистински хаос имало вчеравечер во Ротердам во пресрет на мечот на Феенорд со Унион Берлин, откако германски ултраси пред стадионот влегле во жесток конфликт со полицијата, по што еден од водачите на навивачите заврши во инвалидска количка откако го нападнало полициско куче.

Доаѓањето на Унион Берлин во Рoтердам ги крена хулиганите на нозе, па прво домашните хулигани го нападнале претседателот на клубот кој во еден паб пиел пиво со соработниците, па целиот паб бил демолиран, а потоа насилството ескалирало пред стадионт ден подоцна.

Германците се пожалија дека полицијата ги третирала многу негостољубиво и многу агресивно се однесувале кон нив, по што се ексллодирало пред стадионот кога една група на германски ултраси влегла во војна со полицијата. Во тој хаос, дури 75 лица биле повредени, од кои петмина потешко, а германските навивачи се пожалија и на третманот после приведувањето, дека дополнително биле тепани и плукани од полицајците.

Најтешко минал водачот на групата, кого го нападнало куче на полицијата и го изгризало на ногата, па тој завршил во инвалидска количка. Поради сериозноста на повредите и отворените рани подоцна бил префрлен во болница.