Во НБА одбраната е забранета: Бјелица постигна победнички кош сам како - дух (ВИДЕО)

Дека квалитетот на кошарката на средбите од НБА во последните години е во драматичен пад е нешто со што се согласуваат огромен број стручњаци од целиот свет, а што на дневна база се потврдува на натпреварите во САД, каков што беше примерот на синоќешниот дуел помеѓу Сакраменто кингс и Детроит пистонс (110-107).

„Кралевите“ до првиот триумф по серијата од дури девет порази дојдоа на помалку бизарен начин, откако победничкиот кош го постигна Немања Бјелица и тоа неочекувано – сам како дух. Кошаркарите на Детроит на десет секунди до крајот имаа водство (107-106) и беа во дефанзива, која ја одиграа ужасно поради што српскиот интернационалец остана сам под кошот без ниту еден ривал на неколку метри околу него. Тој лесно погоди и стави крај на средбата и на ужасната серија на Сакраменто.

Вчера, пак, бевме сведоци на ужасна игра во нападот во клучните моменти, кога Денвер нагетс имаше контранапад „четири на еден“ во последните секунди при негатива од два поени, но наместо лесно да дојде до продолжение, сите играчи се стрчаа да се наместат да шутнат за тројка наместо да влезат во празниот рекет. Потоа следуваше неуспешен удар од далечина, за максимален револт на клупата.