Во Јапонија навивачите ги заменија со – роботи (ВИДЕО)

Откако жестоко удри коронавирусот во светот, па после три месечна пауза спортот полека се враќа во ритам, но пред празни трибини, во Јапонија веќе најдоа начин како да ги заменат навивачите.

Јапонците на мечот од бејзбол лигата на стадионот на Фукуока донесоа 20 роботи и тие танцуваа и пееа, колку да направат некој шмек на спортскиот настан.

Станува збор за хуманоидниот робот Пепер и ботови под името Спот, инаку направени од Бостон Динамикс, кои во Сингапур се користат за да ги приморуваат неодговорните да држат дистанца од два метри во периодов со коронавирус.