Во Црна Гора најдоа редок вид на полжав, па го крстија по – Новак Ѓоковиќ!

Урнебесна вест доаѓа од Црна Гора, откако најдобриот светски тенисер моментно и рекордер по број на недели на првото место на АТП-листата, Новак Ѓоковиќ доби досега невидено признание – редок вид на полжав го крстија по него.

Во близина на Подгорица откриен е нов и редок вид на полжав, а го откриле словачкиот биоспелолог Јозеф Грего и професорот Владимир Пешиќ од Универзитетот на Црна Гора, а како големи навивачи на српскиот тенисер, покрај тоа што се научници, решиле полжавот да добие име по тениската ѕвезда – Траувунијана Ѓоковиќ!

Научниот труд на професорскиот двоец веќе е објавен во едно научно списание.

„За да откриете некое од најретките животни на светот, кои ги има во единствени подземни карпи во динарскиот ред, за да дојдете до најнепристапните места, пештери, извори, а за тоа ви треба долготрајна работа и обработка на целокупниот материјал, за такво нешто ви треба енергија и ентузијазам како на Ѓоковиќ. Траувунијана Ѓоковиќ е една од најинтересните врсти кои ги има во подземните карпести предели на крашкото подрачке на Црна Гора, а ова е една од најретките врсти на светот, единствена како што е единствен Новак“, вели професорот Пешиќ.