Во Англија со кафе служат „скандалозни“ бисквити со името на Роналдо (ФОТО)

Откако големата афера околу наводното силувањето на американската студентка Кетрин Мајорга од страна на португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо го потресе светот, во Англија едно кафуле во Ворчестер реши да се потсмева со ѕвездата на Јувентус, па со кафе и чај, служи - „скандалозни“ бисквити.

Посетителите на кафулето биле зачудени кога добиле бисквити во чудна форма, а кога подобро ги загледале, сфатиле дека станува збор на две лица како имаат секс, како алузија на сексуалниот скандал на Роналдо во САД пред девет години.

„Не го одобрувам ова. Се надевам дека ќе ги тргнат бисквитите од менито“, рекол еден разочаран посетител.

„Да направиш бисквити, кои отсликуваат сексуално насилство е невкусно“, рекол друг посетител.

Роналдо се најде на столбот на срамот во изминативе месец дена, откако Мајорга јавно проговори за наводното силување и тоа девет години откако потпишала вонсудска спогодба околу сексуалниот однос со Роналдо. Португалецот не демантираше дека имал секс со студентката, откако прво се запознал и се забавувал во ноќен клуб во Лас Вегас во 2009 година, ама демантираше дека ја силувал.