Владата ја потврди наградата од 500.000 евра за Вардар, одобри пари и за златниот Алили!

Владата денеска донесе одлука да му додели 30 милиони денари Вардар по големиот успех и освоената титула во ракометната Лига на шампиони.

Освен црвено-црните пари од државата ќе добије Бесир Алили за златниот медал на Европското првенство во борење во категорија катеди, 300 илјади денари ќе добие и неговиот тренер.