Вистинска лудница во Уругвај: Започнаа да го бркаат судијата, па интервенираше полицијата! (ВИДЕО)

Дефанзивецот на Банфилд, Адријан Спор беше исклучен во 88. минута од мечот против Насионал, а веднаш по погодокот за победа на домаќините, играчот на гостите Ренато Цивели заработи исклучување поради протест кај судијата, по што се создаде вистинска мешаница на теренот.

Додека фудбалерите на Насионал ја прославуваа победата во Копа Либертадорес, играчите на Банфилд започнаа да протестираат жестокот кај судијата, па откако пораснаа тензиите, мораше да интервенира полицијата.