Виери објави слика за „десетгодишен предизвик“ и – сите ги победи (ФОТО)

Поранешната голема италијанска напаѓачка ѕвезда Кристијан „Бобо“ Виери ги воодушеви сите со објавената слика од „десегодишниот предизвик“, кој е вистински хит на социјалните мрежи.

И додека најголемиот дел од ѕвездите објавуваат слики од пред една деценија, на која се помлади, Виери објави експа фотографија која истовремено и ги изнасмеа, а и ги воодушеви сите. На сликата од предизвикот е Виери со стомак во офсајт, а на втората трудната сопруга Кости Карачиоло, која пред крајот на минатата година роди ќерка.