Видал „мува не го лази“ за шпекулациите: Си одмарам со мојата мамасита! (ФОТО)

Фудбалерот на Барселона, Артуро Видал, очигледно „мува не го лази“ за тоа што го поврзуваат со заминување од „Ноу Камп“. Чилеанецот често го преселуваат во Италија, пред се со тимовите на Интер и Јувентус.

Сепак, Видал не се грижи премногу за евентуалното заминување и максимално ужива во друштвото на неговата девојка Соња Изаза.

Иако кружеа гласини дека Видал ја прекинал врската со Соња која траеше неколку месеци, тоа не е случај и двајцата постојано објавуваат фотографии на кои може да се забележи дека се среќни и насмеани.

По една убава недела сега одмарам со мојата мамасита, напишпа Видал на социјалните мрежи.