Вакво тепање не сте виделе: Борба за една топка прерасна во – бокс меч (ВИДЕО)

Дуелот во италијанската кошаркарска лига помеѓу Виртус Болоња и Тренто ќе остане запаметена по невиденото тепање, кое започна буквално од – ништо. Во центарот на вниманието беа Алесандро Џентиле и Хорхе Гитиерез, а искра за бокс мечот – борба за една топка под кошот.

Таа борба по неуспешен шут се претвори во хаос и бокс меч, па летаа боксови и додека двајцата лежеа на теренот откако се најдоа на паркетот по раа борба за портокаловата топка. Во хаосот се вклучија и други кошаркари, па на крај едвај се раздвоија, а победи Виртус со 82-75.