Ваква голманска интервенција не сте виделе (ВИДЕО)

Крициума на домашен терен ја пречека Куиабу во бразилската серија Б, а до победата стигнаа гостите. Навивачите видоа само еден погодок, меѓутоа тој остана во сенка на реакцијата на голманот на гостите Бернардес. Имено, по еден обид на домаќините топката отиде над голот, а гостинскиот голман со неколку секунди задоцнување одлучи да интервенира.