Ужасна слика: Ги пресекле нозете на статуата „Меси“ во Буенос Аирес! (ФОТО)

Аргентинските медиуми пријавија нов акт на вандализам врз статуата на Меси во Буенос Аирес.

Засега непознати сторители ја вандализирале статуата на Меси, која се наоѓа на „Шеталиштето на славните“. Пресечени ѝ се нозете и турната е на земја, за сликата да делува уште поужасно.

Во Аргентина се прашуваат кому ли би можело да пречи статуата на нивниот фудбалски херој, но од друга страна, ваков чин не е новост. Во јануари исто така беше оштетена статуата на Меси и тоа обезглавена.

Статуата е поставена на 28 јуни, 2016 година.