Ужасен испад на тренерот на Војводина - се закани со сечење глава на некого во публика (ВИДЕО)

Тренерот на Војводина, Ненад Лалатовиќ имаше еден ужасен испад на фудбалскиот терен, кој дефинитивно не му доликува на еден стартег.

На стартот на второто полувреме судијата Новак Симовиќ го исклучи тренерот на Војводина, кој почна вербална пресметка со навивачите на западната трибина на стадионот во Ниш.

Лалатовиќ неколку пати се прекрсти, а потоа гестикулираше во стил дека на некого ќе му ја „пресече главата“.