Ужас во Полска: Малолетни хулигани со мачети ги нападнаа ривалите во градски автобус (ВИДЕО)

Ужасни сцени ни пристигнуваат од Полска, во близина на Краков каде што се случи напад на хулигани од кои половина се малолетници. Младите хулигани од редовите на Висла Краков на една автобуска станица пречекале автобус за кој знаеле дека внатре се наоѓаат припадниците на навивачката група на Краковиа, кои исто така се од Краков и се најголеми ривали на Висла.

Хулиганите некое време не успеваа да влезат во автобусот, но некако успеаа да ја отворат вратата, ги пуштија девојките кој се наоѓаа во автобусот и тогаш влегоа внатре. На снимката може да се види како еден од хулиганите вади голем нож и ги удира ривалите. Освен ножеви, тие имаа и солзавци.

Полската полиција брзо ги идентификуваше напаѓачите и го пронајде напаѓачот со ножот. Тие го лоцираа во зградата во која живее заедно со своите родители и го уапсија, а во близина на зградата го пронашле и ножот.

Полицијата целата случка ја склопи во едно видео и го објави на интернет. Ривалството помеѓу Висла Краков и Краковија прерасна во вистинка омраза помеѓу двете навивачки групи, а во последните 20 години имаше жртви на двете страни.