Тројца навивачи загубале, а најмалку десетина се повредени во невидените навивачки нереди во главниот град на Хондурас, Тегусигалпа, пред мечот помеѓу ривалите Мотагуа и Олимпија, кој после случувањата воопшто и не започна.

Според информациите од Хондурас, сѐ започнало кога автобусот со фудбалерите на Мотагуа бил каменуван од навивачите на Олимпија, по што тројца фудбалери на овој тим биле повредени од искршените стакла по каменувањето.

Потоа целата ситуација излегла од контрола, па почнале невидени пресметки пред и на стадионот, поради што организаторот го откажал мечот.

„Три лица загинаа, седум се застрелани или избодени. Едно од нив е дете. Тројца од повредените се во критична состојба“, рекла портпаролката на локалната клиника, Лаура Шененхер.

Преку 10.000 луѓе биле на стадионот кога започнале инцидентите, по што голем дел биле дел од стампедо, кога полицијата употребила солзавци за да ги растера хулиганите.

Мотагуа објави по социјалните мрежи слики од повредените фудбалери и од каменуваниот автобус, обвинувајќи ја хулиганската група на Олимпија, Ултра-Фиел.