Пласманот на Зимбабве во Купот на нации платен со трагична жртва!

Зимбабве славеше со 2-0 против Конго, па така се квалификуваше за Купот на Нации во Египет во 2019 година, но таа вест остана во сенка на една трагедија.

На влезот три имало проблеми со скенирањето на картите, па лутите и нетрпеливи навивачи почнале да се туркаат за да влезат, па се создало стампедо, а во истото загинала една жена и двајца има повредени.

„Жал ни е поради тоа што мора да потврдиме дека жената почина вчера меѓу 14 и 15 часот, а уште двајца навивачи се повредени на Националниот стадион на мечот меѓу Зимбабве и Конго. Жената која била на почетокот на редот паднала и потоа ја прегазиле останатите. Била пренесена во болница, но набрзо починала“, соопштија од полицијата.

Зимбабве по вчерашната победа е прв во квалификациската група Г во која се уште Демократската Република Конго, па следува Либерија.