Урнебесно: Во Полска влечат двојки за Купот - им фали едно топче (ВИДЕО)

Неверојатен пропуст се случи на денешната ждрепка за осминафиналето во националниот куп на Полска, поради што процедурата морала да биде повторена.

Генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Полска, Мачеј Савицки, направи вистинска мешаница, откако кажа дека има едно вишок топче, но на крајот всушност недостигало топче.

Полските медиуми пишуваат за тоа дека се очекувало Сласк да го има за противник тимот чие топче недостигаше, но на крајот решија цела постапка да биде повторена.