Урнебесно: Порно глумица го истренирала Вотфорд за „груб секс“, па Пеп ги – растури (ФОТО)

Англискиот шампион Манчестер сити вчера ја запиша најубедливата победа во клупската историја откако го демолираше Вотфорд на својот „Итихад“ со 8-0, па сето тоа беше доволно како мотивација сеирџиите да му се истурат на губитникот.

И успеаа да ја најдат приказната на денот. Неодамна една од најпознатите порно глумици Миа Калифа, која инаку е навивачка на Вест Хем се сликаше во дрес и во соблекувалната на Вотфорд, пред мечот на овој клуб со Арсенал (2-2).

Наводно, Калифа им одржала лекција на фудбалерите за „групен секс“, па Пеп Гвардиола потоа ги – растурил. Дури и менаџерот на „граѓаните“ го споредија со порно глумец кој има снимено низа филмови за возрасни со девојката со сириско потекло, која ја напушти порно индустријата поради смртни закани откако снимила видео во кое има секс со хиџаб.