Урнебесен трол: Милер е заштитен знак на Бундеслигата (ФОТО)

Ајакс и Баерн Минхен одиграа фантастичен меч во Холандија (3-3), а Германецот Томас Милер синоќа беше во центар откако имаше еден кунг-фу прекршок за кој заработи црвен картон.

По потегот на Милер се јавија и „троловите“, кои веднаш решија да се пошегуваат на сметка на Германецот, па го направија новото „лого“ на германската Бундеслига.

Тие го „тролаат“ Милер дека е заштитен знак на германскиот шампионат, но стартот врз противникот беше навистина ужасен и за среќа заврши без посериозни повреди.