Ултрасите од Франкфурт направија ршум во Рим и на лацијалите им покажаа кој е главен (ВИДЕО)

Германските ултраси од Франкфурт уште еднаш покажаа дека се меѓу најверните навивачи на светот, откако вистинска инвазија на приврзаници на Ајнтрахт вчера дојде во италијанската престолнина Рим и – го освоија „вечниот град“.

Приврзаниците на Ајнтрахт дојдоа во неверојатна бројка, што не е изненадувачки, кога тие успеаа на гостување на Кипар од 5.000 километри да отидат преку 5.000 навивачи. Сега во Рим дојдоа уште повеќе, дури девет илјади, а на „Олимпико“ беа како дома, зашто лацијали немаше. Патем, покажаа кој е кој и низ градот и на стадионот.

Германците направија ршум во Рим, се истепаа и со полицијата, која мораше да употреби водени топови, солзавци, да примени сила за да ги смири разулавените ултраси на Ајнтрахт. Инцидентите почнале кога група од 500 хулигани сакале да тргнат кон северната трибина на „Олимпико“ за да се пресметаат со ултрасите на Лацио, па полицијата го блокирала мостот, кој води кон тој дел.

Друга група си направила бесплатен „шопинг“ во еден супермаркет, па го украле целиот алкохол за да може да се загреат пред мечот. И таму полицијата морала да интервенира. А, најголемиот дел од ултрасите од Франкфурт се собраа на „Пјаца дел Пополо“, каде очекуваа да бидат со полициска придружба однесени со јужниот сектор на „Олимпико“.

Ајнтрахт победи, а се мина во знакот на германските навивачи, кои ја наполнија трибината како да се на домашен терен, а не на гости.