Ултрасите на Валенсија и Барселона се пресметаа пред „Месталја“ (ВИДЕО)

На два часа пред дербито во Ла лига меѓу Валенсија и Барселона се случи жестока пресметка меѓу ултрасите на двете екипи.

Навивачите на тимовите се степаа пред „Металја“, па се гаѓаа со столици, факели, а меѓу некои имаше и физички контакт.

Полицијата успеа да ја смири ситуацијата за кратко време, а засега нема информација за повредените и приведени лица.